Сиљановска-Давкова од Битола: „Браќа Манаки“ е културен мост со светот, нека блесне
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, го прогласи за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, на свеченоста на која му ја врачи и наградата „Златна камера 300“ на годинашниот лауреат, данскиот кинематографер Дан Лаустсен.
- Од пионерскиот подвиг на Јанаки и Милтон Манаки, до современите врвни достигнувања на светската кинематографија, оваа фестивалска приказна се ткае и ткае како драгоцено културно наследство на филмскиот разбој, рече таа.