„Сесија за музичката сцена“ во рамки на „Форумот за праведност во културната мобилност“
- Канцеларијата за „Креативна Европа“ на Република Македонија при Министерството за култура и туризам, во соработка со Пасворд продукција од Скопје, на 30 април 2026 година, со почеток во 9:30 часот, организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“, која ќе се одржи во Лабораториум во Скопје.
- Сесијата е дел од програмата на „Форумот за праведност во културната мобилност“ (29–30 април 2026), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The Move), во партнерство со регионалната мрежа „Кооператива“.