Свршувачка на „Илинденски денови“ во Битола: Пејачот Никола Зацески ја побара за жена играорката Наталија Цветкова
- Свршувачка го одбележа вториот натпреварувачки ден на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола кога по настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“ од Битола, пејачот и игроорец Никола Зацески изваде веренички прстен и на големата сцена на платото пред Офицерскиот дом во Битола ја побара за жена играорката Наталија Цветкова, негова долгогодишна љубов.