Промоција на сликовницата „Три желби“, авторката Ана Пашкевич од Полска ќе одржи работилници за деца
- Пашкевич е добитничка на бројни книжевни признанија во Полска, меѓу кои и наградата на Асоцијацијата на издавачи на Полска за книга на годината.
- Презентацијата на „Три желби“ ќе биде можност македонската публика да се запознае со авторка која успешно ја спојува книжевноста, екологијата и емоционалното образование на децата, создавајќи книги што остануваат долго во мислите и кај децата и кај возрасните, соопшти издавачката куќа.