Промовирана публикација за надминување на невидливоста на жените во историските наративи
- денес во Европска куќа – Скопје ја промовираа публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, историска читанка која за првпат на систематски и пристапен начин ги обработува искуствата, улогата и придонесот на жените во овој значаен историски период.