„Прес анд Плеј“ на Ненад Георгиевски пред меѓународната публика на „Нишвил“
- Промоцијата на „Прес анд Плеј“ на „Нишвил“ затоа не е само промоција на една книга, туку и претставување на две децении македонска музичка креативност пред меѓународната публика – сведоштво за сцената која има што да каже, што да понуди и што да остави зад себе.
- Преку оваа селекција, „Прес анд Плеј“ ја претставува македонската музичка сцена како уникатен спој на традиционални и современи елементи, истовремено нудејќи му на меѓународниот читател вреден и редок извор на информации за богатството, разновидноста и креативниот потенцијал на македонската музичка култура.