Премиера на „Западен експрес“ во МНТ во режија на Јари Јутинен, приказна за луѓе од Истокот кои посегнуваат по митскиот Запад
- На 30 април, во 20 часот , на Малата сцена во МНТ, ќе се одигра премиерата на претставата „Западен експрес” , копродукциски проект помеѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар .
- Особено ми е драго што на сцената на МНТ се обединуваат уметници од различни средини, носејќи различен театарски светоглед и создавајќи дело кое зборува јасно, суштински, директно и храбро за светот во кој живееме, изјави Никола Кимовски, директорот на МНТ.