ПРЕМИЕРА во МНТ: „ЗАПАДЕН ЕКСПРЕС” – ЕВРОПСКА КОПРОДУКЦИЈА ЗА ИСТОКОТ, ЗАПАДОТ И ЧОВЕЧКИТЕ ИЛУЗИИ
- На денешната прес-конференција во Македонскиот народен театар беше најавена премиерата на претставата „Западен експрес” , копродукциски проект помеѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар .
- Особено ми е драго што на сцената на МНТ се обединуваат уметници од различни средини, носејќи различен театарски светоглед и создавајќи дело кое зборува јасно, суштински, директно и храбро за светот во кој живееме, изјави Никола Кимовски, директорот на МНТ.