Пијанистката Исата Кане-Мејсон плени со виртуозноста на Британската вечер на „Охридско лето“
- Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“.