ОЈО-Струга поднесе обвинение за 6 лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник Мерко за уривањето на куќата на Владо Малески
- Тој бил задолжен со решение од Управата за заштита на културното наследство да изготви идеен проект со строго утврден начин за уривање, со оглед на тоа што наведениот објект бил во непосредна близина и делел преграден ѕид и кровна конструкција со заштитената стара струшка куќа на Владо Малески, се вели во соопштението од струшкото обвинителство.