Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“
- По точно 76 години од 1950 година — кога Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на Меѓународниот фестивал во Ланголен го воодушеви светот, ја освои првата награда и го запиша митското оро „Тешкото“ во светската уметничка историја — ансамблот се враќа со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд.
- Искрите што беа запалени во Ланголен во 1950 година, кога македонското ‘Тешкото’ се запечати во срцето на Велика Британија, никогаш не згаснаа.