Нова песна на „Љубојна“ во дует со Бранислав Николов (Видео)
- Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов.
- Песната во придружба на видео е објавена денес и е достапна на следниот линк: „Врати ми ја тишината” е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца” во соработка и дружба со Фолтин.
- Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).
Извори
-
Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – Врати ми ја тишината
Извор: trn.mk
-
„Врати ми ја тишината“ – нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов
Извор: racin.mk
-
Нова песна на „Љубојна“ во дует со Бранислав Николов (Видео)
Извор: kultura24.mk