Националниот џез оркестар со концерт за 40 години кариера на Сашко Николовски
- Националниот џез оркестар на 28 октомври, со почеток во 20:00 часот во Националната опера и балет, ќе одржи концертот посветен на четири децении уметничка кариера на истакнатиот тромбонист, аранжер и композитор Сашко Николовски.
- Публиката ќе има можност да слушне избор од авторските композиции и аранжмани на Сашко Николовски, но и дела од други значајни македонски автори и соработници – Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Гордан Спасовски, Џијан Емин, Иван Петровски и други.