DAY.MK

обновено 11:40, 11.07.2026

На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

пред 22 часа 3 извори
На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

Кратко

  • Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат традицијата и убавината, а уметноста добива нова димензија и нова сила преку фестивалот што веќе 66 години успешно опстојува и е високо етаблиран на меѓународната културна мапа.
  • Како што потврдува директорот на оваа Национална установа, Цуцковски, минатогодишното издание на „Охридско лето“ беше обележано со рекордна посетеност и рекордна продажба на билети во последните 10 години, што според него, претставува јасен показател за довербата во квалитетот на фестивалската програма.
  • Охридско лето“ отсекогаш внимава, вистинските културни вредности да ѝ ги наметне на младата популација, па така, пред свеченото отворање, денеска и утре во црквата „Света Софија“, во соработка со Музичката младина на Македонија, ќе биде организиран „Подиум на млади“ со новата генерација уметници на кои допрва им претстои блескава кариера.

Повеќе статии