„Македонска крвава свадба“ и „Тетовирање“ во Кинотека по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство
- Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство.