Македонија, Грција и Албанија со заеднички чекор: Преспа се номинира за листата на УНЕСКО
- Во своето обраќање, министерот Сулејмани истакна дека заедничката номинација за УНЕСКО е следен суштински чекор во соработката меѓу трите земји, нагласувајќи дека целта не е само меѓународно признание, туку долгорочно и одржливо управување со регионот, со конкретни придобивки за локалните заедници.
- Кога ги спојуваме знаењето, добрата волја и заедничкиот интерес за овој регион, ние не градиме само проекти – градиме трајна и зрела соработка меѓу нашите три земји – рече Сулејмани.