Кубанска магија: Двочасовна журка со бендот на Ален Перез и Националниот џез оркестар во Скопје
- Дека музиката ги урива сите јазични, култоролошки и секакви други бариери се потврди на најуверлив начин и синоќа во Скопје на концертот на кубанската ѕвезда Ален Перез (Alain Pérez) и неговиот la Orquesta заедно со Националниот џез оркестар, кој прерасна во голема двочасовна журка во распродадената сала на Националната опера и балет.