Концерт по повод 50-годишниот творечки јубилеј на Кокан Димушевски во Македонскиот КИЦ во Софија
- Овој концерт, кој го носи името на неговото најново авторско издание „The Back of Beyond“ („Зад грбот на Бог“), претставува уметничка ретроспектива, но и длабоко современа музичка исповед на еден творечки дух кој повеќе од половина век ја обликува звучната слика на македонската, балканската и европската музичка сцена.
- Тоа е вечер посветена на автор кој не престанал да ја преиспитува границата меѓу звукот и тишината, меѓу традицијата и иднината, меѓу локалното и универзалното.