DAY.MK

обновено 16:33, 26.07.2026

Изложба „Архив на тага: Скопје 1963“ и промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“

пред 73 часа 4 извори
Изложба „Архив на тага: Скопје 1963“ и промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“

Кратко

  • На 26 јули, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба со досега неприкажани фотографии на Васил Хаџиманов од погребните и тажачките обреди по земјотресот во 1963 година, а ќе биде промовирано и дополнетото двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“.
  • Изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ (фото графии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди), чијшто авторски концепт е подготвен во соработка со фотографот-документарист Иван Блажев од Архив МАНУ „Харалампие Поленаковиќ“, за првпат ќе претстави дел од досега неприкажаните фотографии што Хаџиманов ги направил на скопските гробишта по земјотресот.
  • Фотографските сведоштва за погребните и тажачките обреди ќе бидат поврзани со дигитализираните звучни записи, така што посетителите истовремено ќе можат да ги гледаат визуелните документи и да ги слушаат гласовите на жените што ги оплакувале своите блиски.

Повеќе статии