Игор Анѓелков член на жирито на ФИПРЕСЦИ на престижниот фестивал DOK Leipzig
- Заедно со колегите Матијас Дел од Германија и Марко Д’Агостино од Италија, Анѓелков ќе учествува во изборот на најдобриот креативен документарен филм, на кој ќе му биде доделена наградата на ФИПРЕСЦИ – Меѓународната федерација на филмски критичари.