Започна снимањето на дебитантскиот фил „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска
- Филмот е во продукција на Кино Око на Роберт Насков и финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, филмските центри на Словенија, Грција и Србија, како и од ERT – националната телевизија на Грција.
- Ова е прв долгометражен филм на Марија Апчевска Петровска, чиј последен краток филм „Северен пол“ беше првиот македонски филм што ја имаше својата премиера во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и беше прикажуван на повеќе од 150 фестивали во светот, на кои освои голем број награди.
- Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции.
Извори
-
Започна снимањето на дебитантскиот филм „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска Петровска во продукција на Кино око
Извор: kanal5.com.mk
-
Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Пролетно чистење“
Извор: nezavisen.mk
-
Започна снимањето на дебитантскиот фил „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска
Извор: racin.mk
-
Започна снимањето на дебитантскиот игран филм „Пролетно чистење“
Извор: novamakedonija.com.mk
Повеќе статии
11 извори
4 извори
8 извори