Законот за култура под сомнение за транспарентност, „Скопје 2028“ одложен за после летниот одмор на пратениците
- Во меѓувреме, Платформата на граѓански организации против корупција побара да се запре донесувањето на законот, спротивставувајќи се на скратената постапка и можноста Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ да биде исклучена од Законот за јавни набавки.