Заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“
- На фестивалот беа прикажани 20-тина кусометражни филмови, а главната награда Гран при за најдобар краток филм ѝ припадна на македонско-романската копродукција „Неми филмови“ во режија на Крсте Господиновски.
- Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“.