Дита Старова – Ќерими во Чифте амам ни раскажа „скриени човечки приказни меѓу цветните светови“
- Синоќа, во преполниот Чифте амам и на дожд, со гости од сите сфери на јавното живеење, политиката и со претставници од дипломатскиот кор, академската сликарка и универзитетски професор Дита Старова-Ќерими не воведе во еден необичен свет на цвеќиња и човечки присуства, на изложбата „Уметноста на оддалеченоста“, чиј куратор беше Горанчо Ѓорѓиевски.