Данската авторка Ане Бјорн држи четири детски работилници во Скопје
- Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн на 20 и 21 октомври ќе престојува во Скопје, каде што ќе одржи четири креативни работилници за деца во соработка со училишта и библиотеки, а инспирирано од нејзината книга „Магичен поглед“.
- Работилниците ќе им овозможат на најмладите читатели да ја истражуваат моќта на цртањето и раскажувањето, да ја развиваат својата имагинација и да откријат како сликите и зборовите можат да ги изразат и најсложените и најтешките чувства.