DAY.MK

обновено 15:57, 16.03.2026

Во среда во МНТ комеморација за Кирил Поп Христов – Кили

пред 3 часа 4 извори
Во среда во МНТ комеморација за Кирил Поп Христов – Кили

Кратко

  • На 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар, ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.
  • На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.
  • Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.

Повеќе статии