DAY.MK

обновено 10:32, 03.06.2026

Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање

пред 194 часа 5 извори
Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање

Кратко

  • Куратор на програмата е филмологот советник во кинотеката, Атанас Чупоски, кој на отворањето ќе има воведен збор, а извадоци од есеистичкото творештво на Анте Поповски ќе интерпретира актерката Софија Гогова Врчаковска.
  • Така, во среда на 3 јуни, на роденденот на поетот, во 19 часот ќе бидат проектирани првиот македонски кандидат за „Оскар“, документарниот филм „Дае“ од 1979 г. на режисерот Столе Попов и играниот филм „Планината на гневот“ од 1968 г. на Љубиша Георгиевски, обата работени по сценарија на Анте Поповски.
  • На 4 јуни во 19 часот ќе бидат прикажани кусометражните документарни филмови „Кој век минува надвор деца“ (1975) на Љубиша Георгиевски, „Џафра“ (1978) на Кирил Ценевски и „Врати на бескрајот“ (1982) на Владимир Блажевски, сите по сценарија на Анте Поповски.

Повеќе статии