Битолски театар со „Едмонд“ на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“
- НТБ Битола е дел од официјалната програма со претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски.
- Претставата „Едмонд“ на Народниот театар од Битола, работена по текст на Дејвид Мемет во режија на Оливер Мицевски, е избрана во официјалната програма на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп.
- Она што ја прави посебна оваа драма се не само кратките рафални реплики на авторот, прикажани во контекст на кризата на современиот човек, туку и режисерската постапка на Оливер Мицевски, кој решава да ја изгради претставата врз доминантната актерска естетика на Огнен Дранговски.