„Антолог“ ја објави книгата „Персеполис“ од Марџан Сатрапи
- За првпат на македонски јазик е објавено интегралното издание на графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи , во превод на македонски јазик на Владо Ефтимов.
- Според првите два дела од книгата во 2007 г. е направен и долгоматражен анимиран филм како заедничка креација на Сатрапи и францускиот автор на стрипови и филмови Венсан Пароно a. Филмот премиерно е прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што ја освоил Наградата на жирито.