„Анна“ на Нина Николиќ на меѓународниот театарски фестивал „Sexual Theatre – Feminist Readings of Classics“
- Гостувањето на „Анна“ на фестивалот „Sexual Theatre“ претставува продолжување на меѓународниот сценски живот на претставата, но и можност за афирмација на современите женски авторски поетики и нивното место во регионалниот театарски простор.
- Фестивалот „Sexual Theatre“, кој се одржува од 26 до 31 октомври, е посветен на современите феминистички читања на класичните дела и на преиспитувањето на родовите односи, општествените улоги и позицијата на жената.