DAY.MK

обновено 20:45, 26.10.2026

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

пред 7 часа • 6 извори
Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

Кратко

  • Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар Битола, за Наградата 4-ти Ноември за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола.
  • По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.
  • Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар - Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на наградата 4 Ноември за животно дело.

Повеќе статии