38. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ од 21-23 август со поети, музичари и уметници од шест земји – Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија
- Програмата на поетскиот фестивал ќе почне на 21 август, во 21 часот, во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство.