DAY.MK

обновено 16:03, 22.09.2026

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Кривична пријава против осум лица

пред 1 час 3 извори
Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Кривична пријава против осум лица

Кратко

  • Во рамки на криминалните активности, преку давање поткуп на царинскиот службеник З. С. на членови на групата им било овозможено непречено пренесување на акцизна стока преку царинската линија без пријавување и плаќање на законските давачки, како и нелегално внесување на лекови и суплементи, наменети за продажба.
  • Вчера под раководство на ОЈО за ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции- Единицата за брзо распоредување, спроведоа полициска акција за сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела.
  • Со дел од утврдените дејствија е предизвикана материјална штета на буџетот на државата, односно избегнати се царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ, а со пуштањето во промет без одобрение, упатство и рецепт, дел од производите предизвикале опасност за здравјето на луѓето.

Повеќе статии