Четворица нападнале 40-годишник и од касата во маркет одзеле пари, двајца приведени
- Две лица на возраст од 23 и 22 години се лишени од слобода, а уште две лица, меѓу кои и малолетник, се повикани во полициска станица по физички напад и кражба во маркет во струмичкото село Баница.
- Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 20 ноември, околу 18:30 часот, кога четворицата, сите од селото Баница, физички го нападнале 40-годишниот В. С. При нападот, со употреба на сила, од касата во маркетот одзеле пари.