Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
- Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.
- Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.