ФОТО: Три лица завршиле зад решетки, „летале“ со своите возила!
- во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.
- При акциската контрола изречени се 14 мерки за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и констатирани се четири останати сообраќајни прекршоци.