ФОТО: МВР и РСБСП со акција во Градскиот парк за Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
- Со поделба на едукативни летоци и пораки за поголема внимателност во сообраќајот, МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во Скопје го одбележаа Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
- Активноста со мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата.