Фаворизирал фирма, понудена нереално ниска цена: Кривична пријава против екс градоначалник на Делчево од СДСМ, ова се деталите
- Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево.
- На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.
- Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236. денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.