Утрово пронајден планинарот кој вчера падна и остана без свест во Мариово
- По повеќечасовна потрага, денеска, во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи.
- Во акцијата беа вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти ЦУК.