Уапсено лице од Кичево со утврдени 2,19 промили алкохол во крвта
- Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”.
- Вчера во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“, во близина на Кичево, лишен од слобода е З. Р. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Извори
-
Возел со над два промила алкохол, полицијата му го одзеде возилото
Извор: 24info.mk
-
Уапсено лице од Кичево со утврдени 2,19 промили алкохол во крвта
Извор: kurir.mk