Уапсени сопружници од Велес: Немале основни услови за живот и одгледување на петте малолетни деца
- Полициски службеници и претставници од Центар за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ. Ш. Ш. и нивните пет малолетни деца, при што било констатирано дека немало основни услови за живот и одгледување на децата.
- Во содејство на инспектор за малолетници и социјални работници од Центар за социјални работи Велес децата биле однесени во Општа болница Велес за утврдување на нивната здравствена состојба, по што биле предадени во Центар за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“.