Уапсена 45-годишна жена барана со потерница – требала да одлежи пет и пол години казна затвор
- Од МВР информираат дека вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишиле од слобода А. А. од Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик.