Спасувачка акција на Треска: Извлечени три лица што ги однела надојдената вода
- Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопштија од Центарот за управување со кризи.
- Три лица, меѓу кои две малолетни лица на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице, денеска биле однесени од надојдената вода на реката Треска, откако бил зголемен испустот од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.