Скандал во Прилеп: Полицаец му дал службен пиштол на приправник, па тој пукал во куќа на соседи и криел докази
- Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа.
- Ј. на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А. Л. на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање.