СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
- Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани.
- Инаку, во штипскиот Основен суд на 20 мај беше изречена казна затвор од пет години и шест месеци за П. С. од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници.