Пукале на свадба во гостиварски Добри Дол, побаран притвор за четворица осомничени
- Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава.
- Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со што ги довеле во опасност животите на поголем број присутни.