Пронајдени тројца илегални мигранти при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење
- Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење.
- Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.