Пронајдени пет мигранти од Непал во возило во Куманово, приведен 29-годишен скопјанец
- во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А. И. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.
- Осомничениот е задржан во полициска станица, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.