Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје
- етворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
- Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф. М. од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.
- Од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава, а судија на претходна постапка им изрекол мерка притвор .
Извори
-
Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје
Извор: www.brif.mk
-
Четворица турски државјани во притвор по напад на доставувач во Скопје
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Го удриле со мотор па му се заканувале: Приведени четворица Турци за напад на доставувач на храна во Скопје
Извор: republika.mk
-
Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје
Извор: nezavisen.mk