Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата
- По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В. Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б” категорија и поминал на црвено светло на семафор.
- Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.